Потрошила 1.5 милиони за роденденот на својата ќерка (6): Девојчето не било задоволно со тортата

Таткото на малата славеничка бил изненаден кога дошол на прославата.

Родендендската прослава која родителите ја организираат за децата одамна го надмина здравиот разум не само во светот, туку и кај нас.

Закупување на играчници, специјални тоалети за славениците, послужување кое чини цело богатство, ангажирање на аниматори, испраќање на покани, фотографирање, видео-записи, познати личности, сето ова често го погодува домашниот буџет, но родителите се водат со изреката “Колку сака нека чини, еднаш се живее, еднаш годишно моето дете слави роденден”.

Во тој правец размислувала и Никол кога на нејзината ќерка Грасија и се приближувал шестиот роденден. Мајката потрошила повеќе од 1,5 милион денари во доларска противредност за роденденска забава од бајките – на ужас на нејзиниот сопруг.

Никол била одлучна да на својата ќерка Грасија и поклони забава за паметење: братот и сестрата на малата славеничка веќе ги прераснале детските години и прекинале да се радуваат на роденденски забави, па мајката не можела да дозволи да големиот ден во животот на нејзиното најмладо дете, помине туку така.

-Ова е моето последно дете кое живее во оваа бајковита земја и сакам да го памти овој момент – изјавила Никол за TLC’S Outrageous Kids Party.

Меѓутоа, нејзиниот сопруг Џејсон не бил за вака раскошна церемоија. Иако апелирал “Никол да ги држи работите под контрола” тоа сепак не се случиле. Првобитниот договор да буџетот за прославата не надминува половина милион денари, ги расипале плановите на возбудената мајка.

Никол одлучила да изнајми змок во кој забавата ќе биде оддржана, а порачала и 2.000 цветови со кои ќе го украси, 300 костими за децата, ледена скулптура и шведска маса за 250 гости.

-Претпоставувам дека сум банкротиран – воздивнал Џејсон додека го разгледувал местото на настанот.

Никол дури ангажирала и фризери и шминкери да ја подгтоват малата принцеза Грасија, но шестгодишното девојче не покажувала интерес да се подготви онака како што мајката замислила.

Кога конечно била подготвена, Грасија влегла во кочија со коњски запреги каде што ја дочекала “вилинската кума” со огромен список на гости.

Иако тоа било забава од најлудите соништа за поголемиот дел од децата, Грасија сепак не била задоволна. Девојчето започнало неконтролирано да беснее откако виела торта на осум ката.

-Грасија е перфекционистка како мене. И сметаше што птицата на тортата не беше со плава боја и започна да плаче – ги правдаше мајката постапките на својата ќерка.

Но, на Грасија набрзо и се врати насмевката кога и беше врачен роденденскиот поклон – розев автомобил во природна големина.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

 

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *