Почина спортската икона Марадона – неговите голови и потези ќе останат легендарни (ВИДЕО)

Вечерва низ светските меидуми одекна веста дека Диего Армандо Марадона, починал на 60. годишна возраст. Аргентинецот важеше и ја имаше титулата за најдобар фудбалер.

Тој пред две недели бил хоспитализиран и имал операција на хематом на мозокот. После операцијата тој бил пуштен на домашно лекување, но за жал, спортската легенда не успеала да го преживее постоперативниот период.

Како што најпрво пренесоа аргентинските медиуми, утринава тој доживеал и срце удар, а медицинските лица не успеале да го спасат.

Кариерата на легендарниот играч е проследена со врвни и легендарни, историски успеси, но и со бурни времиња.

Марадона бил двоен стрелец на натпреварите на Аргентина со Англија на тринаесеттото светско првенство во Мексико во 1986 година. И двата гола на тој натпревар и денес добро се паметат.

Првиот гол Диега подоцна го нарече Божја рака, додека вториот е ремек дело кое на многу ранг листи е прогласен за најдобар гол на сите светски првенств.

Светот изгуби голема спортска легенда.

Да се потсетиме на легендарните голови:

Најдобрите движења на Марадона:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *