Почина хрватскиот музичар Кичо Слабинац

Хрвастскиот музичар Крунослав Кичо Слабинац почина утрово на 77 годишна возраст во загребска болница каде се лекувал од крајот на јули.

Тој бил подложен на операција на срцето и вградени му биле три бајпаса поради сериозно срцево заболување кое ги зафатило крвните садови.

Оттогаш бил на интензивна нега и поврзан со апарати за дишење.

„Пред неколку недели требаше да биде одделен од апаратот за дишење, но неговата состојба повторно се влоши. Доби пневмонија и инфекција“, пишува Индекс.

Слабинац беше еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија, а неговите песни „Три слатки зборови“, „Подари ми еден ден“ и „Поради една убава црна жена“ станаа големи хитови.

Песните „Плачам“ и „Летај ми, летај гулабе“ и „Ангела“ ги сними на македонски јазик.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *