Почина Џорџе Балашевиќ

Познатиот кантавтор Џорџе Балашевиќ почина денес во 67 година од својот живот.

Балашевиќ пред три дена бил примен во Инфективната клиника на Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад, пренесоа белградските медиуми. Имал ковид-19 и бил во лоша состојба, објавил Блиц.

Лекарите ги превземале сите неопходни мерки за лечење, но до подобрувања не успеале да стигнат. Денес попладне неговата состојба дополнително му се влошила поради претходните хронични здравствени проблеми.

Повеќечасовните напори на лекарите на КЦВ, за жал, не вродиле со плод и Балашевиќ починал три месеци пред 68 роденден.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *