Појадок кој го зајакнува имунитетот и ве штити од болести и вируси, јадете го барем 2 пати неделно

Овесната каша со јаболко е одлична за вашиот имунитет. Нека тоа биде ваш избор за денешниот појадок.

Овој појадок е одличен за системот за варење но и за вашата линија. Полн е со цинк и го зајакнува имунитетот. Овошјето обилува со витамин Ц, а медот исто така го зајакнува вашиот имунитет.

Состојки за 4 порции: 2 шолчиња вода, 1 шолче овесни снегулки, големо јаболко (излупено и исецкано на коцки), 1 лажица цимет во брав, 10 бадеми (исецкани), 2 лажици семки сусам, мед и половина шолче овошје (боровинки, капини, малини).

Подготовка: Јаболките варете ги во вода додека не омекнат. Паралелно со варењето на јаболкото, загрејте вода и кога таа ќе зоврие, додадете ги овесните снегулки. Варете до посакуваната густина на умерена температура околу 5 минути, со константно мешање. На овесната каша додадете го вареното јаболко и медот и добро измешајте. Сервирајте го ладно со цимет, бадеми и овошје.

Дополнителен совет: За дополнителна ситост и поддршка за имунитет, кашата сервирајте ја со јогурт или друг ферментиран млечен напиток бидејќи природно содржат корисно бактерии кои делуваат поволно на здравје на системот за варење, а со тоа го зајакнуваат и нашиот имунитет.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *