Појадок кој целосно ќе го препороди вашиот организам

Сакате брз а здрав појадок? Овесната каша е идеален избор за вас.

Овесните снегулки се една од најздравите намирници, но дали знаете зошто?

Ова се причините: Тие се навистина хранливи, пребогати се со антиоксиданси, содржат бета глукан кој позитивно влијае на имунитетот, го намалуваат холестеролот во крвта и го намалуваат ризикот од појаа на астма кај децата.

Како да ги подготвите?

Потребните состојки за овој оброк се едно шолче овес, 250 милилитри вода или млеко и прстофат сол.

Подготовка:Состојките ставете ги во тавче и варете додека не проврие. Намалете го оганот на умерена температура и повремено мешајте додека овесот не омекне.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *