Пратениците не ги почитуваат мерките: Протоколите не важат за Комисијата за здравство (ФОТО)

Како што пишува Плусинфо, во сала 6 во Собранието се одржува седниа на Комисијата за здравство, а според фотографијата може да се забележи дека самите пратеници воопшто не ги почитуваат пропишаните здравствени протоколи и мерки, во една мала просторија се наоѓаат повеќе од триесетина пратеници, а некои од нив воопшто не носат ниту маски.

Иронично е што мерките не ги почитуваат токму оние кои се собрале да расправаат за борбата против коpонавирусот и да оценуваат што треба да се направи во оваа тешка криза предизвикана од пандемијата.

Необјасниво е ваквото прекршување на здравствените протоколи, токму во законодавниот дом и во ситуација кога во земјава секојдневно имаме над 1.000 новозаразени од коронавирусот и голем број смртни случаи, пишува Плусинфо.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *