Прв коментар од член на Кралското семејство за интервјуто на Хари и Меган

Британското кралско семејство не е раси.стичко, изјави британскиот принц Вилијам и додаде дека се уште не разговарал со помладиот брат, принцот Хари.

“Не уште не сум разговарал со него, но ќе разговарам”, изјавил принцот Вилијам на настан во источен Лондон, нешто повеќе од три дена откако принцот Хари и Меган Маркл го дадоа спорното интервју кај Опра Винфри, во кои го обвинија кралското семејство за рас.изам, пренесува Ројтерс.

На прашањето дали е точно, принцот Вилијам одговори со негативен одговор.

“Ние не сме такво семејство”, кратко порачал принцот Вилијам.

Ова е прв самостоен коментар на некој член од британското кралско семејство на оваа тема откако семејството издало заедничко соопштение во кое е наведено дека ги растажило сознанието за искуствата кои ги имале принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, наведувајќи дека ќе ги разгледаат прашањата кои се однесуваат на расата.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *