Предупредувачка порака на научниците и докторите: Пред нас имаме само две опции

Епидемиологот и членот на Кризниот штаб во Србија, Предраг кон изјавил дека медицинскиот дел на Кризниот штаб имал јасен став дека се би требало да биде затворено најмалку 14 дена за навистина да се спушти нивото на активност на вирусот, но додаде дека постои економски диктат. Предупредува дека здравствениот систем е на ивица на пропаст и дека единствено почитувањето на мерки може да го сочува.

Докторот Бранислав Тиодоровиќ, членот на Кризниот штаб на Владата на Србија зборуваше за двете алтернативи кои се пред нас.
Пред Кон, гостувајќи во Утринската програма на РТС изјавил дека мерките се продолжени, со некои корекции кои се извршени, бидејќи за само еден ден пристигнале 85 приговори и молби за исклучок.

На констатацијата дека изгледа да медицинскиот дел од Кризниот штаб постојано попушта, Кон изјавил дека така изгледа, но дека имплементацијата на таквите мерки е навистина тешка, речиси невозможно.

“Вие или ќе прифатите такво нешто, или ќе заминете. Нема измеѓу”, изјавил Кон.

Вели дека во таквите околности го бара она што им е важно на епидемиолозите, а тоа е да се спроведуваат мерките кои ќе спречат вирусот да се пренесува.

Наведува дека сепак мерките се заострени, и дека сега е можно во затворен простор да има девет квадратни мерки по личност, да треба да постои ковид редар, и да бидат задолжителни маски и засилени инспекции. Меѓутоа, Кон истакнува дека најважното од се е луѓето да знаат дека на тој начин се штитат од преносот.

“Повторно јасно би предупредил, аман луѓе, ве молам да сфатите дека здравствениот систем е на ивица на пропаст и дека единствено на тој начин може да се сочува, доколку се почитуваат мерките”, предупреди тој.

Како што изјави, луѓето во црвени зони се замолчуваат, и повеќе немаат зборови.

“Ако досега не сте ги слушнале и сфатиле, и ако имате настани кои целосно го игнорираат фактот дека тие се наоѓаат во лоша ситуација, тогаш човек повеќе не би знаел што да каже. Тоа паѓа на нас кој сме во прилика да зборуваме, за жал во името на сите лекари. Ние исто ги губиме зборовите. Доколку не се промени тој однос кон тоа, тогаш едноставно следното што може да биде е откажување”, истакнал Кон.

На прашањето за протестите и непримерните настани во текот на викендот, Кон изјави дека станува збор за луѓе кои не разбираат и кои се уплашени, и кои со музика и пеење се чувствуваат подобро.

“Не можам едноставно на ниту било кој да имам гнев, тоа се луѓе кои мислат целосно погрешно, дека откажувањето од ваkцинација води кон некоја слобода. Многу не се во право”, вели Кон.

Додава и дека би требало да ја разберат ситуацијата во која единствениот можен излез е ваkцина.

“Не постои алтернатива. Алтернативата подразбира долготрајно одржување на ваков процес” изјави тој и додаде: “Тие многу длабоко грешат и ништо друго не можам да кажам бидејќи тие го прават тоа од убедување”.

Тој постави и прашање што се нуди како алтернативе.

“Тие нудат тоа да го нема. Слобода без размислување за вирусот. Нудат невистина”, истакнува Кон.

На коментарите дека постојат оние кои се заразени и после ваkцинацијата, Кон ги запраша: “И што е тоа? Некој аргуемнт?”.

Истакнува дека постои објаснување зошто се случува тоа и дека постојат јасни показатели да лицата со една доза имаат 85 отсто помалку хоспитализација, а 97 отсто помалку доколку примиле две дози.

“Зборуваме за тоа дека тие податоци секаде во светот се истражени и многу јасно докажани. Доколку некој сака да ги види, тогаш сите ние се наоѓаме во проблем поради тој некој”, предупредува епидемиологот.

На прашањето дали треба да се проверуваат антителата, Кон навел дека тоа се прави низ клинички испитувања и на примероци, само за луѓето да не го прават тоа.

“Доколку кажете на некој дека може да провери, тој ќе сака. Јас велам дека нема потреба бидејќи е иста ситуација. Што ќе се случи ако немаш антитела? Ние ќе кажеме повторно дека тоа не значи дека немаш заштита. Тоа е нешто кое стана мода”, изјави Кон.

Се смета дека прво би требало да влијаеме на себе да стане јасно дека навистина сме во ситуација и дека ќе излеме од ова доколку продолжиме со процесот на имунизација.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *