Предупредување за голем потрес, но и на болест: Болест постои превземете мерки

Страницата Пораките на Небото за времето на којшто опишуваме како ги доживуваме католичките светци и пророци ни ја носи пораката од Блажената Девица Марија, од визионерот Luz de Marii de Bonilli, од 29.11.2020, а која предупредува на потрес кој ќе го зафати светот, но и на болест која владее со светот за која кажува дека мораме да превземеме потребни мерки за да не постанеме нејзин плен. Исто така предупредува на плановите на светската влада и не повикува на молитва, обраќање и покајување за гревовите.

Еве ја пораката:

Сакани деца на Моето Безгрешно Срце: Ве држам вас во мајчино крило, вие сте децата на мојот Син, ве сакам вас со своето мајчинско срце. Сакани луѓе на Мојот Син, морате да одржувате должна почит спрема сегашната болест и да превземете потребни мерки за да не постанете нејзин плен. Ви дадов природни лекови потребни за да се ослободите од оваа болест (Маслото на Добриот Самарјанин).

Продолжете без страв, немојте да сте обземени од страв, бидете свесни за Божјата љубов за да не ја изгубите верата и за да останете со надеж во боженственото милосрдие.

Иако комунистичките водачи, масони и илуминати на Земјата направиле се како да ве натераат да паднете во паника, не им дозволувајте да ве воведат во оваа замка. Имајте на ум, дека ова не е крај на светот, туку на оваа генерација, поради која се соочувате со таков хаос, предизвикани од непослушноста на моите објави, оние кои се веќе исполнети, оние кои се исполнуваат и оние кои ќе се исполнуваат. Ѓаволот тоа го знае и свесен за тоа, го ослободи својот бес против Моите деца за да ги одведе до проклетство. Исклучително е важно секоја особа да се гледа себе си и да го изложи вистинското човечко јас кое го носи во себе. Не е времето за вас да живеете во неизвесност, непријатност, завист, гордост или двосмисленост. Основните страсти кои ќе направат да раснете во зло кое Сотоната го праќа на луѓето за да потпаднат во негова замка и да заборават дека Мојот Син ги откупи и дека не се подложни на зло, туку на добро.

Една светска влада го држи човештвото во голема духовна битка, збунувајќи ве како би влеала страв во врска со се со коешто се соочувате, во отсуство на вистинска верба, послушност и надеж во народот Божји. Сте тргнале кон големи невољи, како што знаете… Какви што никогаш претходно не сте доживеале. Светскиот поредок има тотални промени, програмирани за целото човештво, на сите нивоа. Нивниот план е да се натера човештвото да се промени во секој поглед со помош на електромагнетната индукција, програмирани така да човековиот ум, мисла, работа и делување, се променат. Бидете претпазливи луѓе на Мојот Син!

Бидете претпазливи деца мои: спротивставете се, немојте да бидете изненадени. Бидете свесни дека сте сите деца на мојот Син: останете во состојба на милост- сите од Христос, сите за Христос! Останете спремни за да живеете за Мојот Син, на тој начин нема да може да се промени. Не се плашете од гладот кој и се приближува на целата Земја, ниту од падот на светската економија, само Вечниот Отец е праведен и вистинит и Тој нема да го напушти својот народ. Не се плашете од треперењето на земјата, дури и ако и таа не се однесува нормално. Земјата ќе се тресе. Доаѓа големо потресување кое ви го открива вашата Мајка, па затоа е потребно Моите деца да ја одржуваат цвресто верата. Деца време е да ги препознаете своите грешки… Време е да се вратите во своето крило…

Време е да се соедините… Мрачната рака на злото престигнува над човештвото, жестоко го напаѓа човештвото за да ја смени состојбата на духот и да ве вознемири, да ве доведе до неконтролиран страв, нудејќи ви сигурност и ветувајќи ви стабилност,а со тоа контролирајќи ве додека контролираат дузина во градовите. Бидете цврсти во верата: не дозволувајте да ве изненади сигурноста. Молете се деца мои, молете се, земјата на север ќе се тресе со голема сила, молете се за Калифорнија, молете се за Канада. Молете се деца мои, молете се на југ земјата ќе биде силно потресена за да ги изненади своите жители. Молете се деца мои, молете се во Европа и во Азија земјата ќе се движи. Молете се особено за Јапонија. Молете се деца мои, од универзумот се приближува небеско тело кое ќе го држи човештвото во неизвесност. Молете се деца мои, молете се, земјата ќе се пробуди во Огнен прстен. Молете се деца мои, молете се, времето се забрзува, а злото го зголемува својот притисок врз човештвото за да се осети. Сакани луѓе на Мојот Син: не спијте, ова не е време за спиење, време е да бидеме постојано на стража. Новата болест ќе ја нападне Земјата и Моите деца ќе патат поради тоа. Сонцето ќе го изненади човекот, доаѓаат големи промени. За да си ја спасите својата душа, ќе биде потребно да живеете според духот, а не според материјалните работи. Не се што се случува е логично за човекот, Боженствените планови не се вклопуваат во човековата логика. Она што мора да се оствари ќе се оствари- не кога човекот така ќе каже, туку кога тоа ќе се одреди на небото.

Сакани деца, доаѓањето на битката се забрзува, Кина превзема огромни чекори. Пред поздравот, деца мои, сакам да ве повикам на единство, на постојано братство, на сите ќе им биде потребно тоа, на сите. Припремете се за прибежиште во Моето Безгрешно Срце, останете без престан соединети, понудувајќи се и обожавајќи го единствениот Бог кој е вреден за пофалби, Алфа и Омега за сите времиња. Секогаш сте во рацете на Небескиот Отец. Не сте сами, останете во колоната за марширање.

Ве благословувам. Ве сакам.

Не плашете се!

Не сум ли овде јас, вашата Мајка?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *