Предупредување на Несторовиќ до жените: Поради ова добивате рак на доjkите

Пулмологот професор доктор Бранимир Несторовиќ напиша нов текст за својотблог во кој ја нагласува штетноста на денешните средства за хигиена, и укажа кои материи потребно е да се избегнуваат.

Во едно истражување, во 40 жени на кои им се отстранети дојkите, во примероците од ткивата се најдени парабени во 99 отсто од примероци, што ја сугерира врската со средствата за капење.

Тој нагласува дека парабенот е составен дел да кажеме, на денешните шампони за коса.

-Поголемиот дел од луѓето мислат дека токсичните материи во нив не се значајни, бидејќи се ставаат на кожата. Меѓутоа, ова е голема заблуда, бидејќи материите од кожата брзо и лесно се апсорбираат. Освен локални непосакувани делувања, кои се манифестираат со чешање и иритација на кожата или контактни алергиски акцем, шампоните можат да предизвикаат и посериозни здравствени проблеми – пишува доктор Несторовиќ.

-Мојата баба ја перела косата со сапун кој сама го правила и се испирала со жолчка. Имаше коса до половина грб, мазна и сјајна, до см.рт (живееше 89 години) – напиша Несторовиќ на својот блог.

Според докторот Несторовиќ, ова се материи кои би требало да ги избегнувате, при купување на шампон и останати средства за лична хигиена:

Натриум лаурил сулфат (скратено СЛС)

Се наоѓа во гелови за туширање, пастите за бричење и забните пасти. American College of Toxicology потврди дека СЛС лесно продира низ кожата и циркулира во организмот до пет дена по нанесувањето на кожата, додека трагите можат да се најдат и долж во мозокот, срцето, белите дробови и црниот дроб.

Статијата објавена во магазинот Journal of Investigative Dermatology покажува дека СЛС ја оштетува кожата и косата, додека едно постаро истражување пронаоѓа информации дека токму оваа материја доведува и до ошетување на ДНК.

Натриум лаурет сулфат (СЛЕС)

Близок сродник на СЛС, често контаминиран со 1,4 диоксан, кој е познат карциноген, а доведува и до оштетување на бубрезите.

Диоксан го нема на пописот на состојки на шампоните, бидејќи е дел од производствениот процес, а не конечна состојки. Тој има долг полуживот во организмот, бидејќи не се мтабилизира добро во црниот дроб.

Парабени

Дури и во многу ниски дози имаат изразени токсични дејства. Во едно истражување, во 40 жени чиј дојkи се отстранети, во примероците од ткивата се најдени парабени, што сугерира на јасна врска. Парабените се исто така слични естрогени (како пластика), со слични негативни ефекти.

Парфеми

Звучат многу романтично, но воглавно се рабтои за некои од 3100 ароматични материи (поголемиот дел многу токсични). Го оштетуваат црниот дроб, централниот нервен систем, поврзани се со астма, главоболка, дебелина и слично. Поголемиот дел од парфемите се добива од фталат. Споредниот производ во текот на синтезата на парфемите се диоксин и формалдехид (кој исто така е карциноген).

Испитувањето кое го направила Environmental Working Group (EWG), орган на потрошувачи во Европа, покажува дека во просек еден шампон има околу 14 ароматични производи, кои се фабричка тајна.

Сајтот Skin Deep Cosmetics Database дава листа од 11,000 производи кои содржат мириси кои се токсични.

Полиетилен гликол (ПЕГ)

Тој додава дека шампонот бил кремаст. Се добива од петролеум, може да биде исто така контаминиран со диоксан и етилен оксид (исто така карциноген).

Истражувачи од National Institutes of Health во САД ја утврдиле врската помеѓу една состојка шампон и невролошки заболувања.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *