Предупредување на СЗО: Ваква ситуација не очекувавме дека ќе се случи

Бројот на по.чина.ти од последица на ифекција со ковид во Европа надмина еден милион, а Светската здравствена организација предупреди дека заразата се шири експоненцијално и покрај огромните напори да се спречи.

Во 52 европски земји досега почи.нале најмалку 1.000.288 луѓе.

-Ние сме во крити.чен момент од пандемијата, јасен е експоненцијалниот раст – изјавила Марија Ван Керкова од СЗО.

Таа изјавила дека ова не е ситуација која некој ја очекувал после 16 месеци пандемија бидејќи се воведени многу мерки за контрола.

Ширум светот, вирусот однесе повеќе од 2,9 милиони животи, додека беа заразени речиси 136 милиони лица.

И покрај ваквите вести во Европа, Британија од вчера ги ублажи рестрикциите за прв пат во последниве неколку месеци, отворајќи ги пабовите и фризерските салони.

Тоа покажува како земји во кои е забрзана имунизацијата, ги оставаат поголемиот дел од сиромашните земји, далеку позади нив.

Во Јужноафриканската Република, претседателот Сирил Рамафоз се заложи за африканско производство на ваkцина бидејќи овој континент заостанува поради недостатокот на сировини, недостаток на испорака и пари, но и логистички проблеми.

Во Индија, бројот на заразени и по.чи.нати се зголемува драм.атично, а експертите веруваат дека главен проблем е тоа што масите луѓе, поголемиот дел без маски, се собираат на политички настани и верски фестивали.

Соседниот Бангладеш најави заклучување на земјата со затворање на меѓународниот и домашниот сообраќај, како и компаниите.

Во муслиманските земји верниците се собираат повод почетокот на месецот рамазан. Во Египет, најнаселената арапска земја, мерките за хигиена се помалку стриктни во однос на пред година дена кога џамиите беа целосно затворени со полицискиот час.

Саудиските власти дозволиле само на имунизирани лица да учествуваат во верски настани.

Во Британија пак, повторно се отворени пабовите, рестораните, фризерските салони, фитнес центрите и базените.

Британија покрена масовна имунизација, што со мерките ја намали смр.ртноста за 95 отсто, а бројот на нови случаеви опадна за 90 отсто од јануари оваа година.

Во Италија вчера се забележани протести поради мерките за блокада, па на улиците на Рим излегоа повеќе стотици луѓе.

Во Франција, која сега е европска земја со најмногу инфекции, имунизацијата е се поинтензивна, па може да се забележи оптимизам помеѓу жителите.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *