Пред некое куче да ве нападне или касне, тоа секогаш го прави ОВА

Не треба да ги игнорирате знаците за предупредување! Како да се препознае агресивноста кај кучињата?

Причината за агресивно однесување кај кучињата се различни, но пред се, треба да обрнете внимание на тоа како ние се однесуваме кон тоа куче, односно, мора да видите колку сте добро информирани за тоа како кучињата покажуваат знаци кои се предзнак за агресија.

Експертите нагласуваат дека секогаш треба да се биде внимателен, бидејќи кај некои кучиња преминувањето од една фаза на предупредување во друга е многу брзо, а кај некои изостануваат одредени облици на предупредување.

Експертите од регионот ја анализираа оваа тематика и го изјавија своето мислење во врска со ова. Акцентот се става на доброто познавање на показателите дека на кучињата не им е комфорно во ваша околина.

Првиот показател кај кучињата е обидот да го избегнат изворот на стрес. Ќе ги спуштат ушите и нивната глава и ќе заминат. Доколку не успее да замине, тој ќе подвие својот опаш и ќе го стекне своето тело. Ќе биде целосно укочен и ќе гледа во еден правец.

Следниот знак е ржењето. Тогаш треба да се оддалечите од животното. Експертите предупредуваат дека казнувањето на ржењето непосредно доведува до прескокнување на сите останати сигнали на предупредување, па така доаѓа до агресија.

Чкрипењето со забите е уште еден показател кој претходи на каснувањето, а воедно е и последниот знак на предупредување. Потоа следи каснувањето.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *