Премногу анализирате и ве мачи некоја од овие работи : Тоа е знак дека сте натпросечно интелигентни

Одлично е да сте паметни, но дури и високото ниво на интелигенција има свои маани.

Колку и да звучи привлечно, интелигенцијата со себе носи секојдневни потешкотии, а некои од нив ги опишал и американскиот автор и блогер Рамит Сети.

Интелигентните луѓе премногу ги анализираат работите

“Паметните луѓе ги гледаат работите од различни страни и поради тоа честопати не можат да го прифатат она што им се наоѓа пред очите. Ова може да биде добра работа кога треба да работат на комплексни стратегии или животни одлуки, но кога треба да замолчат и веднаш да преземат нешто, тие водат вистински борби”, вели Сети.

Тие се перфекционисти

Рамит вели дека интелигентните луѓе тежнеат кон совршенство и тоа не во едно туку во сите подрачја во животот, што понекогаш знае да биде прилично тешко.

Се плашат дека ќе изгледаат глупаво

“Ваквото однесување е воочливо уште на училиште, а истиот страв ги спречува возрасните да поставуваат прашања за да не изгледаат глупаво пред колегите или познаниците”, објаснува Рамит.

Забораваат како е да се биде почетник

Сети смета дека интелигентните луѓе тешко можат да се поврзат со почетници, како во работата така и во врските, бидејќи премногу напредуваат и брзо забораваат.

Сакаат да ги прескокнат основите

“Не дека се сметаат себеси за Илон Маск, но интелигентните луѓе мислат за себе дека се премногу напредни за постапно да ги учат основите”, вели Сети.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *