Преслатки фотографии од кученца кои спијат во дневен центар, ќе ви го стоплат срцето (ФОТО)

Малите кученца се толку слатки што некогаш не ви се верува дека се вистински. Само еден поглед на нив, ви го исполнува срцето со убавина, дури и ако не прават ништо посебно. Дневниот центар за кучиња „Папи Спринг“ во Гјеонџи-до, Јужна Кореја, редовно објавува фотографии од слатки кученца додека спијат, и тие брзо го освојуваат интернетот.

Овој дневен центар се грижи за кученца постари од 12 недели, кога нивните сопственици не се во можност целосно да им се посветат. Персоналот кој работи цело работно време, се грижи за кученцата преку цел ден, а ваквите дневни центри стануваат сè повеќе популарни во азиските земји.

– Секој ден имаме по 30 резервации. Исто така имаме и игротека во која можат да дојдат деца и да се релаксираат – изјави портпаролот на „Папи Спрингс“ за порталот „Боред панда“.

Овој центар за кученца има многу вежби и игри за дресирање и социјализација на кученцата. Секако, после сите активности тие се изморени и имаат потреба од одмор, што значи време за спиење.

– Од 14.00 до 14.30 часот кученцата одмораат. Цената на нашите услуги варира зависно од многу фактори, меѓу кои е и времето кое тие го поминуваат кај нас.

Кога кученцата спијат, вработените имаат шанса да се одморат. Но најчесто тие не можат да му одолеат на прекрасниот призор и ги фотографираат заспаните кученца. Благодарение на нив, луѓето од цел свет можат да уживаат во прекрасната глетка на слатките заспани кученца.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *