Привлечете пари и просперитет: Направете го ова, и очекувајте да ви тргне во животот

Како да привлечете пари и просперитет? Тајната на оваа билка ја знаат малкумина.

Рузмаринот се смета за свето растение, сончева трева и често се користи за заштита на љубовта и младоста. Меѓутоа, познавачите тврдат дека тој може да се користи и за привлекување на пари и просперитет во домот, пренесуваат медиумите.

Секогаш е добро да имате рузмарин, а за ритуалот на чистење се користи така што две-три гранчиња се ставаат во врела вода. Оставете ги да се варат неколку минути на тивок оган, така што мирисните испарувања ќе ги исполнат сите простории.

Доколку имате можност да го украсите влезот во својот деловен простор, добро е да поставите садници со рузмарин, дури и сосем мали, во саксии. Тие привлекуваат добра професионална енергија, доведуваат до цутење на бизнисот и зголемување на бројот на купувачи и клиенти.

За привлекување на пари, се советува правење на амајлија од рузмарин. Оставете неколку граничиња да се исушат на мрачно место каде што има промаа, па отстранете ги ливчињата и наполнете кесичка направена од хартија. Најдобро е хартијата да има златна боја.

Оваа кесичка можете да ја ставите во кутијата со сметки, велат дека спречува големи трошоци или да ја носите во паричиникот за привлекување на пари и секој вид на изобилство.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *