Признал 4 ќерки и синови: Ретки семејни фотки од Марадона кој никој ги нема видено (ФОТО)

Во продолжение можете да погледнете слики од децата на Диего од еден брак и три вонбрачни врски.

Годината која наскоро ќе ја испратиме, помеѓу многубројните лоши работи кои се случиле во текот на неа, ќе ја памтиме и по тоа што од овој свет засекогаш не напушти легендарниот Диего Армандо Марадона.

Од моментот кога е објавено дека починал, па се до ден денес светот непрестано зборува за фудбалскиот талент, кариера и животот на легендарниот аргентинец.

Безрезервната љубов кон фудбалот и животот се она што го одбележи Марадона од една, а по роците од друга страна. Добро се знаеше дека обожаваше и водеше бурен живот, преполн со турбуленции.

Ништо поинаку не му изгледаше ниту љубовниот живот. Од еден брак и три вонбрачни врски имаше пет деца кои ги призна. Меѓутоа, уште четири жени тврдат дека на Марадона му родиле вкупно шест деца.

Без разлика како било, додека за некои бил фудбалска икона, тој за своите деца беше пред се татко. Токму Џана, Џанина, Далма и Диего, со своите многубројни следачи на социјалните мрежи споделија емотивни моменти со својот татко.

Со тоа, на нас кои на Марадона гледавме само како фудбалска легенда, ни овозможија шанса да видиме, каков бил всушност тој надвор од терените.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *