Принцот Филип бил разочаран со разводот на Дајана и Чарлс – “Само глyп човек би ја оставил”

Распадот на бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс е еден од најголемите настани кој ги одбележил животите на британското кралско семејство, а псимата откриени во 2003 година, покажале како принцот Филип остро го осудил невеpзството и застанал на страната на Дајана.

После вестите за разводот на Дајана и Чарлс во 1992 година, светот, во најмала рака остана изненаден. На светлото испливаа околностите од распадот на бракот и стана многу јасно дека Чарлс сака да се ожени со Камила Паркер со која до денес е во брак.

Семејството не била благонаклонета кон фактот дека токму тоа е причина за разводот.

Од писмата кои принцот Филип ги напишал до Дајана во 1992 година, а кои се откриени 11 години подоцна, принцот бил остар кон синот “Чарлс беше глyп кога со оглед на својата положба ризикуваше со Камила”, напишал тој.

-Не можам да замислам дека било кој при здрав памет би те оставил поради Камила – напишал принцот Филип до Дајана не криејќи го своето разочарување, но додал и дека не бил талентиран за давање на брачни совети.

Исто така, напишал дека ниту тој ниту кралицата не одобруваат било кој од семејството да прави такви работи. Сандеј Тајмс известил дека Чарлс се обидувал да го спречи објавувањето на писмата во јавност, што медиумите ќе го сфатат како очигледен знак дека се работи за автентични писма, пренесуваат медиумите.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *