Принцот Хари ја доби својата прва вистинска работа и веднаш стана шеф

Британскиот принц Хари ја прифати работата во компанија која се занимава со животен тренинг и ментално здравје БетерАп во Калифорнија.

Тој ќе учествува во иницијативите како одлуката за стратегијата за доделување на доброволни прилози и јавно ќе зборува за темите кои се поврзани со менталното здравје од областа на лајфкоучингот, пренесува Скај њуз, а како што пишуваат американските медиуми, веднаш добил раководна позиција.

На сајтот на организацијата, Хари е опишан како хуманитарец, воен ветеран, заговорник за менталното здравје и еколог.

Како коосновач на Арчевел, тој е фокусиран на поттикнувањето на системските промени во сите заедници низ непрофитна работа како и креативна активација, се додава на сајтот.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган во јануари минатата година објавија дека ги напуштаат должностите на британското кралско семејство и се преселиле преку Атлантикот за да започнат целосно нов живот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *