Пристигнаа најубавите вести за Македонија: Погледнете какво ќе биде времето во наредниот период

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено.

Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Поврмено врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Времето утре ќе биде претпладне променливо облачно, во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Времето во петок ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, со минимални температури од минус 6 до 2 степени целзиусови, и максимални температури од 9 до 18 степени целсиусови.

Времето во сабота ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а минималните температури ќе изнесуваат од минус 5 до 4 степени целзиусови, додека максималните температури ќе изнеуваат од 12 до 19 степени целзиусови.

Во недела времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во недела ќе се движи од минус 3 до 5 степени целзиусови, додека максималната температура ќе се движи од 15 степени целсиуосови и ќе достигне до 21 степен целзиусов.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *