Пристигнаа одлични вести за оние кои прележале коpона и примиле ваkцина

Лицата кои прележале ковид-19 и примиле една доза од ваkцината Фајзер/БиоНТек или Модерна, се подеднакво или дури и подобро заштитени од некој кој никогаш немал контакт со ковид и добил две дози од ваkцината, покажало новото истражување.

Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Њу Ингланд Журнал оф Медисин. Научниците од Медицинскиот факултет “Icahn” на Маунт Синај во Њујорк, ја проучувале крвта на 110 лица од кои 43 биле заразени со ковид пред ваkцинирањето, а 67 не биле.

Сите испитаници ја примиле или ваkцината на Фајзер/БиоНТек или онаа на Модерна која се темели на новата технологија за информациона РНК.

Научниците утврдиле дека испитаниците кои имале контакт со вирусот пред првата доза од ваkцината: “брзо развиле воедначени, високи концентрации на антитела неколку дена после ваkцинирањето”.

Научниците потоа повторно зеле примероци и утврдиле дека во деновите после првата доза, нивото на антитела кај оние кои прележале зараза биле 10 до 45 пати поголеми за разлика од оние кои не биле заразени пред ваkцинирањето.

До моментот кога ја примиле втората доза, нивото на антитела помеѓу оние кои прележале ковид, биле шест пати повисоки за разлика од оние кои не прележале.

“Кај лицата кои прелажел ковид-19 не е воочен пораст на концентрацијата на антитела после примањето на втората доза”, напишале научниците, што покажува дека дополнителната доза од ваkцината е од ограничена корист за лицата кои прелажале ковид.

Не е воочена разлика во производството на антитела помеѓу двете дози. Тимот проучувал и дали постојат разлики во нуспојавите на ваkцината помеѓу 230 испитаници од кои дел прележале ковид, а дел не.

Не биле воочени сериозни нуспојави кои би довеле до хоспитализација. Лицата кои пред ваkцинацијата имале веќе развиен имунитет на ковид, имале почесто благи до умерени нуспојави како слабост, главоболка, треска и температури, болка во мускулите и болки во зглобовите.

Но, тимот експерти предупредил дека се потребни дополнителни истражувања за сето ова да биде потврдено.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *