Продавачка од супермаркет: Луѓе срамота е да го правите ова, зарем не ве воспитале вашите родители?

Ниту продавачите во супермаркет не можат повеќе, ова се работите кои најмногу ги мразат кај муштериите.

На прво место и сосем оправдано, им смета кога купувачите не ги почитуваат основните правила на бонтон, кои подразбираат поздравување при влегување во продавница.

На продавачките во супермаркетите воопшто не им е лесно! Секојдневно се сретнуваат со голем број купувачи, од кои многумина се однесуваат дрско и без образно. Дури и во такви случаеви, работниците мора да бидат пријатни поради професионалноста на работното место.

Но, сега им е дефинитивно доста и одлучиле да објавата слики кои разоткриваат какви купувачи има, а обелодениле и што најмногу им смета кај однесувањето на купувачите.

На прво место и сосем оправдано, им смета кога купувачите не ги почитуваат основните правила на бонтон, кој подразбираат поздравување на вработениот при влегување во продавница.

Исто така, продавачите признаваат дека ги излудуваат луѓе кои не обрнуваат внимание на другите луѓе, туку без никаков обзир кон останатите застануваат среде патот помеѓу рафтовите додека разгледуваат.

“Не се однесувајте како да сте сами”, порачуваат продавачите анонимно.

Ги нервира и она што ги нервира и многу купувачи – луѓето кои ги пуштаат децата да дивеат во продавниците, да буткаат работи и да расфрлаат.

“Сето тоа некој мора да го среди подоцна, а истото важи и за оние работи кои ги пробувате, не ги купувате, но не ги враќате ниту на нивното место”.

Продавачите ги замолуваат потрошувачите и да количките и корпите кои ги користат, после нивното користење да ги вратат на место, но и да во нив не оставаат ѓубре, што верувале или не, често се случува.

Покрај овие работи кои иначе ги нервираат, постои и една работа која вжаи сега, во момент на новонастаната ситуација. Продавачите велат дека ги излудуваат луѓе кои одбиваат да стават ма ска на своето лице.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *