Професорка за пример: Тестовите ги решаваме заедно, не знаете колку проблеми имаат денешните деца

Ви пренесуваме објава на една професорка која сметаме дека треба да биде пример за сите останати просветни работници.

Во моментов работам во гимназија и моментално со моите ученици учиме исклучиво онлајн. Со децата работам исклучиво преку игра и квизови, тестовите ги решаваме заедно доколку дојде до некој застој, за сите да имаат фини оценки, а верувале или не, на тој начин далеку повеќе учат, развиваат чувство на припадност, другарство и заедница. Што е најважно, тие учат дека не учат за оценки. Вчера едно дете ми рече “Професорке, вие сте единствениот човек во ова училиште кој сфаќа колку тешко ни паѓа што не се дружиме и што немаме никакво чувство дека одиме во училиште. Единствено на вашите часови се чувствуваме како да сме важни како тука да припаѓаме”. Никогаш не сум се чувствувала погордо во мојот живот.

Под објавата на професорката, можеа да се најдат прекрасни коментари кои ја поддржуваат ваквата иницијатива и ваквиот начин за пристап и едуцирање на децата.

“Ние во гимназија имавме професорка по хемија која не учеше, која ни беше и авторитет и пријател. Има такви професори/ки со она нешто во себе. Посебни.”

“Одлична идеја, сметам дека учениците треба да ги сметаат професорите како блиски пријатели, од кои можат многу да научат.”

Меѓутоа, имаше и такви случаеви кои не го оправдуваат оналјн ученењето, можеби со полно право:

“Убаво од твоја страна и убаво што си горда на себе. Но ајде да се вратиме во реалноста. На децата им е потребно дружење во реалноста. Да изградат чувство за интуиција и припадност. Бидејќи само тогаш кога децата можат да ги прочитаат своите врсници во реалноста, можат да почувствуваат и припадност. Поинаку е кога можат во реалнсота да го читаат говорот на телата, да гледаат во очи, да се смеат и разговараат. Виртуелниот свет не е баш паметна идеја”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *