Путин наскоро може да го направи она во кое никој досега не успеал

Политичкиот имунитет на Путин во Русија, претседателот на чекор од доживотна заштита на претседателот од кривично гонење.

Дума го подржа законот со кој на претседателот и неговото семејство му се дава имунитет од кривично гонење по заминувањето од функција.

Таа измена е овозможена со уставни амандмани усвоени на референдум во јули. Приврзаниците на претседателот Владимир Путин имаат мнозинство во двата дома на парламентот.

Четвртиот мандат на Путин трае до 2024. година, но уставните амандмани му овозможуваат уште два мандати. Тој има 68 години и не е познато кој ќе го наследи.

Законот за имунитет ги оживува шпекулациите за политичката иднина на Владимир Путин. Тој е на власт од 2000. година и има огромно влијание.

Неговиот главен критичар и опозиционер Алексеј Навални на Твитер напиша: “Зошто на Путин му е потребен закон за имунитет сега?”.

А потоа праша: “Можат ли диктаторите да отстапат од власт по своја волја?”.

Како што пишува ББС, законот го поминал првото читање во вторникот во Дума, каде што мнозинството од пратениците и припаѓаат на пропутинската партија Единствена Русија. Против гласале 37 комунистички пратеници.

Пред Дума ќе се одржат уште две читања, а потоа законот оди пред Федералниот совет – горниот дом на парламентот – и на крајот пред самиот Путин кој треба да го потпише.

Според одредбите за имунитетот, поранешниот претседател и неговото семејство би имале имунитет од било какви полициски претреси, испитувања и одземање на имот.

Исто така, не би биле процесуирани ниту за било какво дело направено во текот на животот, освен за наводно дело на предавство или други тешки кривични дела во исклучителни околности.

Единствен поранешен руски претседател кој и понатаму е жив е сојузникот на Путин, Дмитриј Медведев.

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов не би можел да го има овој вид имунитет, бидејќи не бил претседател на Русија.

Пратеникот на Единствена Русија, Павел Крашениников, изјави дека целта е на претседателот да му се дадат “гаранции…важни за стабилноста на државата и општеството”.

Реформите ќе ги отстранат ограничувањата на Путин за мандатот до 2024. година, што ќе му овозможи уште два шестгодишни мандати.

Опозицијата го осудила изгласувањето на овој закон на референдум во јули, изјавувајќи дека Путин тежи да биде “доживотен претседател”, тврдења кои Путин ги негира.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *