Путин утре ќе се ваkцинира, а откри и која ваkцина ќе ја прими

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави денес дека утре ќе се имунизира против ковид.

“Ваkцинацијата е доброволен избор на секоја личност и нејзина лична одлука. Иначе, планирам тоа и сам да го направам утре”, изјави Путин на владиниот состанок за прашањата поврзани со имунизацијата против ковид, пренесува руската агенција Тасс.

Путин навел и дека ваkцините на странските производители не овозможуваат толку високо ниво на заштита како оние произведени во Русија.

“Денес можеме да кажеме сосем уверено, а и праксата тоа недвосмислено го докажува, дека руските ваkцини се апсолутно доверливи и безбедни”, изјави Путин.

Претседателот на Русија, според зборовите на портпаролот на Кремлин Дмитриј Песков, ќе се ваkцинира со една од трите руски ваkцини против ковид, но не прецизираше која точно. “Тоа ќе биде една од трите наши ваkцини. Сите тие се добри и безбедни”, додал Песков.

Навел и, дека меѓутоа, имунизацијата на рускиот претседател нема да биде настан отворен за јавноста, како што беше случај со политичарите во другите земји.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *