Рецепт на денот: Таљатели со пилешко и печурки во сос

Пробајте го вкусниот рецепт на Мартина Трајаноска за таљатели со пилешко и печурки за денешниот ручек.

Потребни состојки:

Таљатели или тестенини по избор

300 г пилешко месо

100 г печурки

Бешамел сос(млеко, брашно, масло)

Начин на подготовка:

Пилешкото исечете го на мали парчиња и ставете го во тава на малку масло и пропржете го. Додадете зачини по вкус и кога ќе е при крај пилешкото, додадете ги печурките, па додадете 2-3 лажици јогурт или павлака и пржете додека да испари. Јогуртот или павлаката ќе го омекнат месото уште повеќе и е превкусно. Тргнете го месото од тавата и ставете 2 лажици масло/путер и 2 лажици брашно, па постепено со постојано мешање додавајте по малку 2 шолји млеко. Оставете го сосот малку да повари и додадете го месото со печурките и претходно сварените тестенини. Може да користите и макарони, шпагети или пене. Наместо бешамел, може да ставите само неутрална павлака.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *