Родени за да умирате во животот

Те сакав и тебе, да и тебе, па дури и тебе. Еј, заборавив, те сакав и тебе, ти што ме повреди, ти што ме расплака, ти што ме излажа, ти што ме уби. Да, ве сакав сите, затоа што со убивањето, лажењето и повредувањето, ме воскреснавте од животот и ме пративте во смртта.

Светот на смртта во кој живеат чисти души како мене, кои не знаат за зло, но сепак не живеат во животот со другите. Тие живеат во смртта, бидејќи се родени за тоа уште пред да бидат зачнати. Јас сум среќна што ќе живеам во смртта, слободна до крајот на вечноста, а вие? Дали вие сте среќни што ќе умирате во секоја секунда од вашиот беден живот?

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *