Родителите го оставиле кога имал четири години, а денес Далибор е маж кој цврсто стои на нозе и е независен

Знаев дека нема да одам по погрешниот пат, иако тоа не е реткост за децата без родителско старателство.

Далибор имал 4 години кога родителите ги оставиле него и неговиот брат. Прво ги напуштил нивниот татко, а неколку месеци подоцна и нивната мајка. Како дете, како што вели Далибор, во тие моменти ништо не разбирате, само чувствувате тага во себе бидејќи повеќе немате никој на кој би можеле да се потрпете.

Ова момче и неговиот две години постар брат, после овој немил настан, се преселиле кај вујкото и бабата до 11. роденден на Далибор. Тогаш тој и неговиот брат морале да го напуштат гнездото, а топлината на таа куќа да ја заменат со Домот за деца и омладина Моша Пијаде.

Тоа како што изгледа, било најстрашниот момент во младиот живот на Далибор. Толку бил исплашен што тој ден побегнал од училиште кога требало да се пресели во Дом, само за да не можат да го одвојат од бабата и дедото. Меѓутоа, како што вели ова младо момче, во тој момент немало услови тој и неговиот брат да останат. Животот течел по свое, против волјата на децата кои на крај морале да ги напуштат членовите на најблиското семејство.

Заминувањето во Дом не било лесно, а од емоциите Далибор се сеќава на стравот од непознатото, новото и различното.

На почеток било многу тешко, новата околина, имало страв поради тоа како ќе бидат дочекани. Што знае дете од 11 години? Брат ми и јас заминавме да јадеме, па се вративме во својата соба. Меѓутоа, после месец-два веќе започнав да им се приближувам на другите деца – вели Далибор.

Животот во Дом не само што не бил лесен, туку како што ова младо момче вели, бил поразличен од животот на другите деца во своето одделение, бидејќи родителите не доаѓале по него на крајот од училишниот ден, бидејќи како неговите врсници, ја немал можноста од мама и тато да добива се што ќе посака.

Кога наполнил речиси 20 години, морал да го напушти Домот во кој поминал долги 9 години. За тоа време проаснал во независна, силна млада личност, подготвена за уште една промена која животот неизбежно морал да ја донесе.

Тешко е да го напуштите друштвото кое сте го стекнале за тоа време во Дом, но знаев дека ме чека уште нешто, нешто ново. Знаев дека нема да одам по погрешниот пат, иако тоа не е реткост за децата без родителско старателство. Воглавни сите мислат “Ќе бидам независен, ќе најдам работа кога ќе заминам”, но кога ќе излезете од таа ситуација, не знаете што ви се случило. Некои луѓе стануваат депресивни, мислат дека никогаш нема да најдат работа, дека никој нема да ги прифати, и тогаш поминуваат лошо – вели Милошевиќ кој во спортска продавница работи од минатата година.

Меѓутоа, како што вели, оној кој малку е свесен за животот, ќе се обиде да го пронајде тоа што му треба.

Сакав работа и се обидов да ја најдам. Сакав друштво, имам друштво. Важно е само да сакате и да одите кон тоа, се што може да се добие во животот – вели ова младо момче.

Децата без родителско старателство се деца кои се често обележани со етикета, вели Далибор.

Се случувало другите деца да не сакаат да си играат со него само проади тоа, почнувајќи од претпоставките дека тој е виновен што родителите го оставиле.

Нема причина да било кое дете мисли дека греши. Никогаш не мислев дека сум виновен бидејќи ме оставиле. Како дете од 4 години може да згреши, прашува Далибор.

По излегувањето од Домот, ова младо момче поминал 6 месеци во Центарот Ѕвезда, здружение кое им помага на младите без родителско старателство.

Поминав некое време во една од нивните куќи на Бежаниска коса. Не имаше осмина во тој стан. Во почетокот, како и секогаш, беше чудно, кога никој не познавате, кога не знаете како ќе ве прифатат. Тоа секогаш е најтешко. Меѓутоа, на крајот тие ме прифатија мене, и јас ги прифатив нив, вели за Ало, Далибор.

Како што вели, сега е независен. Сам донесува одлуки, а дури иако згреши, не е лут на себе. Знае, како што вели, дека секој може да згреши. Неговата баба, која му била поддршка, починала оваа година. Поддршка има и од пријателите, тетката и од себе.

После многу години, мајката неодамна го повикала, но тој нема желба да воспостави поблизок контакт со неа.

Сака да биде во контакт со мене, но нејзината љубов сега не ми значи ништо. Ниту јас го немам тоа чувство за љубов. Сакаше барем да бидеме пријатели, но јас за тоа немам потреба – искрено вели Далибор.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *