Руските научници кои ја создадоа вакцината, открија кога коpоната конечно ќе исчезне

Научниците од Кримскиот сојузен универзитет заклучија дека имунитет на стадо на новата инфекција со вирусот може да се развие до следното лето, изјави професор на тој универзитет, Владимир Оберемок.

Мунивер Гафарова, предавач на Универзитетската медицинска академија, потсети дека ширењето на инфекцијата се запира кога од 50 до 60% од популацијата развива имунитет на болеста.

Според Оберемок, само три проценти од оние кои учествувале во истражувањето за имунитет на стадото во август, имале имунитет на инфекција со коpонавирусот.

-Сега тоа е 15 до 20%. Можеме да кажеме дека ќе го пречекориме потребниот праг, веројатно, до следното лето – изјави Оберемок, додавајќи дека пандемијата ќе започне да слабее за година дена, после новите вакцини, и производството на лекови, ќе се развие имунитет на стадото.

-Гледајќи назад на вирусот SARS-CoV во период 2002-2003 година, тој не усмрти многу луѓе, околу 800, но е сроден со вирусот SARS-CoV-2 кој моментално циркулира, можеме да се сетиме на истражувања спроведени тогаш, кои покажаа дека антителата во крвта на оние кои преживеале, остануваат најмалку година дена, а мемориските Т-клетки биле таму и до шест години – изјави Оберемок.

-Ако го следиме ова сценарио и се надеваме дека SARS-CoV-2 ќе биде сличен вирус, имаме добри шанси човештвото конечно да се ослободи од пандемискиот терет до 2022. година, додаде тој.

До денес во Русија се потврдени 2.215.533 случаеви, а 1.712.174 пациенти се опоравиле од болеста. Најновите податоци од Русија укажуваат на 38.558 пациенти кои ја изгубиле битката со болеста.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *