Сакаа да ми платат да спијам со Џоковиќ! Ми дадоа задача да му го уни.штам бракот (ФОТО)

“Навистина подготвуваа луд план. Ми беше кажано Новак да го одведам на некое место и сето тоа да го снимам” открива манекенката.

Манекенката Наталија Шчекиќ ја изненади јавноста во Србија во својата исповед за магазинот Свет.

Таа откри план на менаџери и соработници, кои посакале таа да му го униш.ти бракот на најдобриот тенисер на светот Новак Џоковиќ.

Планот бил Наталија да го намами Новак, да ја сними сета работи, а потоа истата снимка да ја пушти во јавност. За тоа и нуделе помеѓу 50 и 60 илјади евра.

“Ме повика човек, тој е од Белград и го знам, мислев дека е сериозен менаџер. Кога ме контактираше, помислив дека ме бара за сериозна работа, за превземање на оглас или за фотографирање. Кога разговорот започна, кога ми го кажа планот, отпрво мислев дека е скриена камера, започнав да се смеам. Ми изгледаше како шега, но всушност не беше. Навистина подготвуваа план. Ми беше кажано Новак да го одведам некаде и сето тоа да го снимам”, открила манекенката.

“Понудата беше од 50 до 60 илјади евра и патување од соништата по мој избор. Но сето тоа ми беше навредливо. Не сум таква девојка. Можам само да замислам што би се случило доколку такво видео е објавено во јавноста. Џоковиќ не заслужува такви работи”, истакнала таа.

Во споменатиот текст во магазинот Свет исто така се наведува дека менаџерот кој ја контактирал манекенката и кој го подготвувал планот всушност имал такви барања од Велика Британија.

“Требаше да се пронајде девојка која Џоковиќ ќе го одвои од Јелена, но изгледа дека тој план не се остварил. Наводно организаторот на ова имал премалку денови да го изврши планот, бидејќи нарачателот му дал прекраток рок”, изјавил неименуван извор за Свет.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *