Самохрана мајка останала без работа, пари и својот автомобил: Добрите луѓе решиле да и го променат животот (ВИДЕО)

Таа го доживеала најголемото изненадување во својот живот.

Неименуван Американец од Минесота на социјалните мрежи објави видео снимка на која се гледа како една млада жена останува во неверување и започнува да плае од среќа додека се отвора гаражата.

Самохраната мајка на две деца од Котиџ Грув во Минесота, според тврдењата на нејзините пријатели, во текот на епидемијата останала без работа, а поради финансиските маки морала да го продаде и автомобилот.

Бидејќи едно нејзино дете живее со таткото доста далеку и не е згодно со часови да патува со автобус, пријателите се сожалиле и ги замолиле луѓето со добра волја некако да и помогнат да купи нов автомобил со кој ќе може да го посетува детето.

“Моите деца ми го покажаа тој пост на Фејсбук и решив да и помогнам. Анимирав странци на GoFundMe сттраницата. Им објаснив дека жената нема начин да го гледа едното свое дете бидејќи таткото не сака да вози 400 километри за да и го донесе. Започнавме да собираме средства и во рок од месец дена собравме доволно пари да и купиме автомобил. Потоа ги контактиравме нејзините пријатели кои од неа некако го зеле клучот од гаражата и го паркиравме автомобилот внатре да ја изненадиме”, изјавил сонародникот на оваа жена.

На снимката се гледа како жената е целосно збунета откако пред гаражата ја пречекале пријатели и непознати луѓе. Кога се отворила гаражата, жената го видела поклонот автомобил и започнала да плаче од среќа.

“Дури 65 странци се обединија да и помогнеме. Ова е убавината на животот”, заклучува човекот од снимката.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *