Само ден пред венчавката, принцот Чарлс ѝ кажал на Дајана дека не ја сака

Принцот Чарлс ѝ кажал на прицезата Дајана дека не ја сака на денот пред кралската венчавка. Ова го открива поранешниот астролог на Дајана, Пени Тортон, во документарниот филм за принцезата „Интервјуто на Дајана: Одмазда на принцезата“.

Пени вели дека Дајана ѝ се доверила дека нејзиниот сопруг, на денот пред венчавката ѝ кажал дека не ја сака.

„Една од најшокантните работи кои Дајана ми ги кажа е дека ноќта пред венчавката со Чарлс, тој ѝ кажал дека не ја сака. Мислам дека Чарлс не сакал да влезе во брак со Дајана, затоа што не сакал да ја лаже неговата идна сопруга“, вели Пени, додавајќи дека британскиот престолонаследник, сакал да ја избегне венчавката, која веќе била подготвена, но дека било предоцна за такво нешто.

За потсетување, принцезата за која нејзините обожаватели ширум светот ја нарекуваа дека е од народот, влезе во брак со принцот Чарлс, на само 19 години. Кралската двојка се венчаше на 29 јули 1981 година во катедралата Свети Павле во Лондон.

На венчавката присуствуваа 2650 гости. Венчавката од бајка, како што ја нарекуваа многумина,ја пренесуваа 74 тлевизиски станици ширум светот, а младоженците ги гледаа преку 750 милиони луѓе. И покрај раскшниот живот и двајцата синови кои ги добија во бракот, Дајана и Чарлс во 1996 година, одлучија да се разведат поради аферата на принцот, за која светот дозна.

Чарлс се заљуби во неговата љубовница Камила, со која до ден денес е во брак. Кралското семејство и односите на нејзините членови, отсекогаш биле тема која ја интегрирала јавноста, а една од најинтересните е мистериозната смрт на принцезата Дајана, трагичен настан кој се случи пред 23 години. До ден денес постојат разни теории и шпекулации за тоа кој е одговорен за трагичната смрт на принцезата Дајана.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *