Само најдобрите и најпаметните луѓе ги имаат овие 12 карактеристики, дали се пронајдовте?

Мајерс Бригс тестот за карактеристики е смислен за време на ВСВ, во време кога голем број дел од мажите се нашле на светските фронтови. Замислен е на жените да им го олесни изборот на работа на иначе машките работни места.

Но, овој тест и денес се смета за одличен увид во карактеристиките на личноста, како за мажите, така и за жените.

Оние кои спаѓаат во категоријата ИНФП се едни од ретките. Тие се добри и паметни, добро ги пресудуваат другите и можат да ја согледаат пошироката слика.

Според тестот, 12 карактеристики имаат оние кои спаѓаат во таа категорија:

Отвореност

Овие луѓе се често отворени и некои кои лесно ќе се спријателат и ќе ги бранат оние кои другите ги избегнуваат во широк лак. Доколку сте тип на човек кои се залага за оние кои другите ги сметаат за “изгубени случаеви” можно е да спаѓате во оваа категорија.

Љубезност

Тие се многу добродушни, што некогаш и не е добра работа. Никогаш не сакаат да ги повредат чувствата на другите, поради што често ги искористуваат.

Интроверти

Таквите луѓе се често интроверти па не сакаат гужви и излегувања. Меѓутоа, она што би можело да сакаат е сигурно волонтирање во прифатилиште за животни. Таквите работи би можеле да им го разубават денот бидејќи знаат дека со тоа ќе помогнат на некој.

Преданост

За луѓето кои спаѓаат во оваа категорија често се зборува дека се најверни во друштвото. Кога сте во проблем тие секогаш ќе бидат тука за вас, без оглед на тоа колку работите би можеле да станат лоши.

Лесно ги искористуваат

Проблем со добрите и паметни луѓе е тоа што често многу лесно се користи нивната преданост, отворен ум и големо срце. Како такви, често можат да се најдат во некои неискрени односи. Загрижува и тоа што имаат тенденција да останат во тие односи, едноставно затоа што се надеваат дека ќе ги променат своите партнери и затоа што би се чувствувале лошо кога би заминале.

Тие не сфаќаат зошто им се случува тоа. Не веруваат дека луѓето можат навистина да бидат сурови. На сите им посакуваат да пронајдат нешто добро и да веруваат во тоа.

Креативност

Познато е дека оваа длабоко емоционална група на луѓе имаат изразена фантазија, но ретко ја изложуваат својата цела креативност во прв план. До одредена точка, тие ќе живеат во својот мал свет, кој им е сосем доволен.

Грижа

Тие прават се што е во нивна моќ да ги направат другите среќни и да се чувствуваат сакано и поддржувано. Тие на вас ќе гледаат како на нешто посебно и единствено.

Добро слушаат

Овие луѓе се екстровертирани и често не сакаат премногу внимание. Меѓутоа, обожаваат да ги слушаат другите па на луѓето често знаат да им бидат рамо за плачење. Тие можат да слушаат како никој друг. Искрени се

Со нив никогаш не мора да се грижите за искреност. Дури и на моменти кога треба да се преќути, тие го кажуваат своето искрено мислење. Некогаш поради тоа можат да бидат прилично остри на јазик.

Тежат кон личен развој

Обожаваат да се усовршуваат и уживаат во личниот напредок. Како такви, тие сакаат книги за самопомош како и било која програма која може да им го збогати животот.

Растресени се

Со оглед дека се интроверти, поголемиот дел од нив се чувствуваат растресено. Лесно можете да ги збуните во нешто.

Желба за припаѓање

Искрени, мили и грижни, тие сакаат да припаѓаат некаде и да живеат лабав живот. Се што сакаат е подобар свет за себе и за луѓето кои ги сакаат.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *