Само 1 од 20 мажи може да се пофали со оваа дoлжина

Истражувачите ја мереле должината на преку 15 илјади мажи ширум светот и утврдиле дека не постои силна поврзаност помеѓу големината на стапалото или пак дланките со онаа должина, па жените можат да престанат да ги оценуваат мажите по големината на чевлите или нивните раце.

Просечната должина кај мажите е нешто повисоко од 13 сантиметри во исправена состојба.

Иако многумина се споредуваат со просечната големина, изненадувачки тешко е да се утврди која е таа бројка. Како што е истакнато од страна на научниците, тоа е воглавно затоа што поголемиот дел од истражувањата се базираат на самопријава, што често не е реално. За да го заобиколат овој проблем и да добијат подоверлива датабаза на податоци, тимот на британски истражувачи одлучил да изврши испитување со мерење кои го извршиле здравствени работници, а кои следеле стандардизирана мерна постапка.

Oва вклучувало мерење во обем (обем во корен или на средина) и должина (од сpамната коска до врвот) од 20 различни истражувања, кои опфатиле 15.521 мажи од разни земји ширум светот. А резултатите на многумина ќе им донесат олеснување.

Утврдено е дека во опуштена состојба, просечната должина изнесува 9,16 сантиметри, додека просечната должина во исправена состојба изнесува 13,12 санимтетри. Што се однесува до обемот, се покажало дека просечниот обем во опуштена состојба изнесува 9,31 сантиметри, додека во исправена 11,66 сантиметри. Исто така, утврдено е дека само 1 од секои 20 мажи може да се пофали со должина поголема од 16 сантиметри.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *