Сараевски доктор: Срам да ви е, поради вакви млади нашите колеги доктори се борат за живот (ФОТО)

Сараевскиот доктор Харис мујановиќ се огласи на Фејсбук повод вчерашните гужви во трговските центри во текот на Блек Фрајдер (Црн петок). Мујановиќ, кој е стоматолог во Итната помош, сподели фотографии од вчерашните гужви од сараевските трговски центри, но и фотографии од свои колеги кои изминатите денови ја изгубиле борбата за сопствениот живот поради вирусот.

-Овде не е проблем да дојдете и чекате со часови да купите глупости, но затоа кога ќе дојдете во Итна помош доколку не можете да влезете веднаш или мора да почекате одредено време следи нервоза, навреди, а во псоледно време и физичко пресметување со медицински работници – напиша тој во својата објава.

Додаде дека “поради вакви луѓе живееме во ваква земја, поради вакви луѓе многу ја напуштија оваа земја”.

-Поради вакви луѓе мои колеги се борат за живот, колеги кои давале несебично последни атоми од својата енергија да им помогнат на болните и заразените. Поради вакви и имаме луѓе на позиции кои со години го рушат системот, поддржуваат непотизам, го поддржуваат крим иналот и уб иваат недолжни! Волку луе не се појавуваат на протести кога треба, волку луѓе не се појавуваат на избирачки места кога треба, волку и многу повеќе луѓе имаме во народна кујна! – стој во неговата објаван а Фејсбук, која завршува со зборовите: Срам да ви е, уште еднаш!

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *