Светот наскоро ќе се промени, летото ќе трае повеќе од шест месеци, а зимата само два месеци

Но, какви последици ќе ни донесе ваквата промена?

Додека во Европската унија и уште во некои земји се расправа за тоа дали е потребно или не е потребно да се поместуваат стрелките на часовникот два пати годишно за летно или зимско сметање на времето, и дали луѓето поради тој еден час се поуморни или поодморени, научниците сепак се фокусираат на поголем проблем.

Летото поради климатските промени до крајот на овој век би можело да трае и по половина година, а зимата би можела да трае само два месеци. Истражувањето за промените во траењето на годишните времиња поради климатските промени покажа дека во последниве 60 години, траењето на летото во просек се зголемило за 17 дена.

Голема опасност од пожари

-Летата стануваат се подолги и пожешки, а зимите се пократки и потопли поради глобалното затоплуање – изјавил за СНН Јупинг Гуан, еден од авторите на истражувањето објавено во магазинот Geophysical Research Letters.

И додека некои во подолгото траење на летото не гледаат проблем, туку повеќе денови ќе уживаат на сонцето, последиците би можеле да бидат погубни за здравјето, околината но и земјоделието.

Промената во должината на четирите годишни времиња најочигледни се во близина на медитеранскиот регион и на подрачјето на Тибет. Топлотните бранови ќе траат се подолго, а болестите кои ќе ги пренесуваат комарците би можеле дополнително да се прошират, а и не треба да се зборува за продолжената сезона на ширење на поленот, поготово од амброзија, огромен проблем за милиони луѓе кои патат од алергија. Пролетта, годишен период во кој растенијата започнуваат да цветаат, ќе трае се пократко, а осцилациите во температурата можат да бидат лоши за чувствителните видови. Тоа се виде и во последниве недели кога овошките во овоштарниците поради топлото време на крајот на зимата, кое е невообичаено за март, започнаа да цветаат, а потоа стигнаа ноќните температури кои заминаа во минус.

Луѓето кои одгледуваат овошје стравуваат и од мраз и во април, кој веќе не е невообичаен, но се јавува се подоцна во текот на април. Потоплите и подолгите лета значат и поголема опасност од пожар со какви со години се соочува Австралија, или одредени делови од САД. Научниците анализираа отстапки во температурата од 1952 година. Должината на летото, како што се наведува во истражувањето, се зголемило од 78 на 95 дена, а траењето на пролеета, есента и зимата се намалило од 124 на 115, 87 на 82, односно од 76 на 73 дена. Температурите на морето и копното од година во година растат. Последен пат годишната температура на глобално ниво, беа под просекот кон крајот на 70тите, значи пред 40 години. Научниците се сложни во тоа дека причина за климатските промени се емисиите со гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, па повикуваат на спроведување на мерки со кои би се намалиле емисиите на штетни гасови.

Пореметување кај монсуните

-Пролетта и летото ќе започнува месец дена порано до крајот на овој век, есента и зимата орпилика половина месец подоцна, што резултира со фактот дека во 2100 година ќе имаме лето од речиси половина година и помалку од два месеци зима – прогнозираат авторите на истражувањето. Проблемите би можеле да настанат и во држави во кои се јавуваат ветровите монсуни – топењето би можело да ги промени обрасците на нивното однесување. Монсуните настануваат поради нееднакви загревања на копното и морето два пати годишно. Во лето, имено, континентите посилно се грејат, додека во зима океаните се потопли, па се менуваат ниските и високите нивоа на атмосферски притисок. Монсуните имаат големо влијание на подрачјето во кои се јавуваат поради влажните и дождливи лета, што влијаат и на земјоделието.

-Тоа би можело да ги ограничи сеидбите, пооттикнувајќи го растот на инвазивни видови или да се зголеми побарувачката за наводнување – истакнуваат во Агенцијата за заштита на околината. Подолгата летна сезона може да донесе и промени во видовите на животните кои ги населуваат тие одредени подрачја. Се е ланчано поврзано и природата упорно ни испраќа знаци на предупредување. На нас останува дали воопшто ќе ги слушнеме.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *