Светот на ова чекаше со години: Шумахер конечно е снимен, семејството даде дозвола

Познатиот шампион Михаел Шумахер седум ипол години се опоравува од тешката повреда на главата на скијање во францускиот Гренобл, но на барање на семејството лечењето се одвива под велот на тајната.

За состојбата на легендарниот возач на Формула 1 се на се оваа година малку се знае, но тоа наскоро би требало да се промени. Барем малку.

Наскоро ќе се појави докуменарен филм “Шумахер”, а како што пренесува британски Експрес, во таа прилика за прв пат од несреќата, ќе бидат видени и првите приватни снимки од Шуми.

“Спортската суперѕвезда не е видена во јавност од настанот во француските Алпи во декември 2013 година, кога седумкратниот Ф1 првак се здоби со тешки повреди на мозокот. Актуелната состојба на Шумахер засега не е позната, бидејќи членовите на семејството и неговите најблиски луѓе избраа тоа да го чуваат само за себе. Но, милиони навивачи на Шумахер сега ќе можат да видат нови снимки од нивниот херој, како дел од најавениот документаре.

Зошто баш сега, седум ипол години после несреќата, одлучено е да во јавност се појават снимките од Шумахер и понатаму не е познато. Мистерија е дали одлучила сопругата Корина, или како што пишува Дејли Мирор, во тоа учествувало целото семејство.

“Семејството на Шумахер е тоа кое неодамна станало отворено за можноста на камерите да им се даде дозвола да дојдат до ретки снимки од Ф1 херојот. Тие приватни снимки ќе се појават само во новиот документарец, а дозвола за тоа добија германските кинематографи Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертонс”, пишува весникот.

На тоа се додава и дека пандемијата ја одложила премиерата на споменатиот документарен филм, во кој, според сопругата на Михаел Шумахер Корина, ќе се појави и неговиот брат Ролф, ќерката Џина-Марија и синот Мик, кој сега настапува за тимот Хаса во Формула 1.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *