Седум работи во кои ќе се препознаат сите постари браќа или сестри

Да се биде најстарото дете во семејството има свои предности. На пример, имате браќа или сестри на кои можете да им шефувате, а сте го имале и она време пред нивното доаѓање на свет кога родителите целото внимание ви го посветувале само вам.

Но, да се биде постар брат или сестра, донесува и одредени предизвици кои секако, ги разбираат само оние кои се наоѓаат во ваша ситуација.

Ви претставуваме неколку работи во кои ќе се препознаат сите постари браќа или сестри.

Од вас секогаш се очекувало да бидете најодговорни

Од вас како најстаро дете отсекогаш се очекувало да “знаете подобро отколку вашите браќа и сестри”. Кога ќе се скарате, од вас се очекувало да попуштите и да бидете оној кој е зрел и одговорен. Исто така, од вас се очекувало и да бидете дадилка и добар пример за другите.

Мора да ги криете своите работи

Додека да пораснете, морате да научите како да внимавате на своите работи бидејќи тие отсекогаш биле најпривлечни за вашите браќа или сестри. Секогаш вашиот дневник, мобилен телефон или пак некое парче облека, им биле најинтересни за вашите помали браќа или сестри. Затоа, најстарите деца ја докторираат вештнината на криење работи.

Родителите биле построги со вас отколку со нив

Како најстарото дете, сте биле на некои начин лабораториско глувче за своите родители. На вас учеле како да бидат мајка и татко, поставувале правила и насоки и од вас се очекувало секогаш да се придржувате до нив.

Вие сте морале да бидете дома во одредено време, а потоа неколку години подоцна вашата сестра добила слобода сама да се враќа дома кога и да посака.

Постојано сте имале чувство дека некој ве следи

Кога и да сте сакале некаде да одите, сакале и тие. Парк, роденден, прошетка…секој пат некако вашата помала сестра или брат би завршила со вас. можеби и плачела и молела да ја поведете, па и вашата мајка би дофрлила по некој збор за да веу беди. И така било се додека не пораснат и постанат премногу кул за да поминуваат време со вас.

Често сте биле лути

А како да не бидете лути? Додека сте раснеле сте биле родител на деца кој не се ваши. Така да, сте имале причина на овој свет да бидете лути.

Сте се бореле помеѓу тоа да бидете кул постара сестра и одговорен родителски лик

Додека сте раснеле ви било тешко да пронајдете рамнотежа помеѓу овие две однесувања. Од една страна сте сакале да бидете кул, забавна и возбудлива остара сестра, а од друга страна ве мачеле маки како онаа кога требало да и ги ограничите излегувањата, да проверете кој и е дечко или со кој се дружи.

Паралелно на се, секогаш сте сакале само да бидат среќни и да ги остварат своите соништа

Можеби вашиот помлад брат или сестра биле досадни, ви се лути како никој на овој свет, но на крај тие се вашите мали бебиња и се што сакате за нив е да бидат среќни и да ги остварат своите соништа, да владеат со светот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *