Секое утро станувам во четири и триесет за да му подготвам појадок на сопругот: Бурна расправа помеѓу домаќинки

Австралијанка покрена лавина коментари на својот Фејсбук статус.

Брук Смит, мајка на четири деца од Бризбејн покрај грижите за децата и домот, секое утро станува во четири и триесет за да му подготви појадок на сопругот.

“Не одам во кревет додека не подготвам оброк за утредента, подготвам облека, и додека куќата не е чиста и садовите измение”, напишала таа во Фејсбук група за домаќики.

“Некогаш одам во кревет во девет навечер, некогаш на полноќ, но станувам во исто време – четири и триесет, за да направам појадок за сопругот и да му сварам кафе, а потоа пијам кафе, ја мијам косата во мир и тишина, вежбам, медитирам, и се подготвувам за денот, вели таа и додава:

“Среќна мајка значи и среќно семејство. Правете го ова дури и кога сте мрзеливи, ќе бидете задоволни во текот на денот”.

После оваа објава, се нижеа коментари:

“Мојата мајка правеше вака за мојот татко, но тој е роден 1929, а таа 1931. година. Сега е 2020 година. Мојот сопруг сам си ја пере облеката, децата сами си подготвуваат појадок”, гласеше еден од коментарите, на кој Брук имаше подготвен одговор.

“Секогаш постојат позитивни и негативни коментари, а многу жени мислат дека живеам како во педесетите и дека не би требало да правам вакви работи за сопругот. Сметам дека ако некој работи на сонцето по цел ден, најмалку што можам да направам за него е да зготвам и исчистам. Мислам дека сме среќно семејство баш поради тие традиционални работи кои ги негуваме”, напишала Брук.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *