Селма Хаек ја покажа тетоважата на градите, па заработи милион лајкови на Инстаграм (ФОТО)

“Прекрасна жено”, “Најубавата актерка на светот”, “Колку се совршено ти стои”, беа само некои од коментарите на воодушевените фанови на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Селма Хаек објави фотографија на Инстаграм и ги воодушеви своите фанови. На природните гради прекрасната актерка има две тетоважи – една е сончоглед, а другата не се гледа најдобро бидејќи нејзината коса покрива добар дел, но може да се заклучи дека во прашање е некаков цвет.

Да филмската Фрида Кало тетоважите и стојат неверојатно добро, потврдиле и следачите од кои добила неверојатни милион лајкови и куп коментари.

Иако некои помислиле дека во прашање се вистински тетоважи, тоа е всушност сценска шминка и проба за филмот “Bliss” (Блаженство).

Како изгледала Селма со тетоважите, погледнете на фотографиите во продолжение:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *