Сељанка во супермаркет бараше да се видела со мојот шеф за да може да му се пожали

Некоја си “Карен“ помешала потрошувач со вработен, а тој згора на тоа целата ситуација ја направил уште посмешна.

Дали некогаш ве помешале по грешка со вработен некаде? Доколку тоа ви се случило, во ред, секој се нашол во таква ситуација.

Доколку не ви се случило и тоа е во ред, никој не би сакал да го прифати тоа. Во контектст на ваквите случки постои простор каде може да се разменат вакви искуства, се нарекува субредит(subreddit -r/IDontWorkHereLady – /НеработамтукаГоспоѓо. По се изгледа дека кога луѓето мислат дека сте дел од персоналот е јака финта. Една епизода од „Дали работите тука?“, протагонистот е редитор кој потполно влегол во тој филм и е прилично директен. Мисли дека ова му се случува поради тоа што личи на продавач и затоа толку често му приоѓаат.

Овој пат, прилично некултурна жена во супермаркет го принудила човеков да примени План Б. Кога госпоѓата, наречена „сељанка“ од очигледни причини го нападнала дечкото со наредби да и најде виткач на трепки, тој посегнал по смртоносно оружје.

Совет: искрено и ладнокрвно

На „Сељанката“ не и се допаднале неговите одговори и покрај тоа што тој бил брутално искрен.

Се јавив во еден голем супер маркет за да земам роденденски свеќи. Прво ја видов жената дека е некултурна кон друг купувач без никаква причина. Таа беше доста нетрпелива, а купувачот не се движеше доволно брзо за нејзини критериуми и затоа селендрава почна да ја навредува. Дефинитивно би ја рангирал некаде над ниво на шупaк, така да ќе ја именувам како “сељанка“ или скратено „С“.

Како што се заврте и го видов „проектилот“ во очите и тогаш ме забележа. Испарадира до мене, а јас решив да уживам во целото ова, имајќи фаца тетрапак и си гледав на страна.

С: Извинете!

Јас: Зошто, што си направила?

С: Молам?

Подзастана за кратко со поглед како теле у шарена врата и луто праша:

С: Можеш да ми помогнеш?

Јас: Од кај да знам. Не знам што сакаш. *Прави фаца.

С: Каде ви стојат виткачите за трепки?

Јас: Никаде

С: Да, да сум видела, знам дека има.

Јас: Сигурен сум дека неам. Никогаш не сум ни имал такво нешто. Моиве трепки сами се виткаат. Ептен сум си среќен со степенот на навитканост на моиве трепки.

С: Како? Не бре идиоте, мислев во продавницава. Каде во продавницава ви стојат виткачите за трепки?

Јас: Поим неам.

С:Зошто?

Јас: Ќе се навратам на мојот претходен одговор.Не користам тоа.

С: Ух! Се праиш мутав.

Јас: Ма не се ни трудам.

С: Кој кретенизам! Ќе идеш да видиш каде ви стојат виткачите за трепки или да одам кај твојот шеф?

Јас: Би рекол нит едното, нит другото, ама ако више треба да избирам ќе идам на опција (б).

С:Како? Значи да идам до кај шефот?

Јас: Не

Ја клати главата во лута недоумица и ми вика: Само што рече така.

Јас:Не, не реков. Ме праша што би одбрал. Да треба да одбирам меѓу ректален преглед и шамар, не сакам ни едно ни друго, ама би го одбрал второто. Конташ? (Ова е фраза што ја употребувам со жена ми кога ми дава срање опции).

Стоеше така занемена неколку секунди со подзината уста и намрштена и наеднаш викна гласно:

С:Ова е НЕНОРМАЛНО!

Јас: Ептен се слагам.

С: Кај ти е шефот?

Јас:Не сум баш сигурен, ваљда дома со фамилијата.

С: УУУУХХ! Леле колку си глуп! Кој е над тебе во продавницава сега? Два пати удри со ногата кога рече “сега“.

Јас: Никој.

С: Како тоа? Зошто?

Јас: Затоа што не ми треба никој со мене кога сум во продавница. Одам сам од девет години.

С: ЛЕЛЕ! Ко да зборам у ѕид!

Приметив дека со нејзиното дерење го привлече вниманието на еден член од менаџментот. Брзо и пријде.

С: Зошто не ми помагаш?

Јас: А зошто да ти помагам?

Како да видов дека и се разјаснува по изразот на нејзиното збунето лице.

С: РАБОТИШ ТУКА или не?

Јас: Не

С: Па што не кажеш е**** беља?!

Јас: Па ти не ме праша, се до сега.

Менаџерката таман пристигна кога сељанката ми се дереше у фаца

С: Ти си еден тежок морон!

Менаџерката и се обраќа на сељанката: Госпоѓо, ве молам не викајте толку гласно и престанете да пцуете има деца во продавницата.

Менаџерката ми се обраќа мене: Господине, што е работата?

Јас: Не сум баш сигурен. Женава беше некултурна кон друг купувач. Ми пријде и почна да ме распрашува за моите лични навики за дотерување. Не беше задоволна со одговорите и почна да се дере и да плука врз мене.

С: Не, не е така е***е! Се дерев зошто мислев дека работи тука!

Менаџерката: Без разлика дали е вработен тука или не, не можете така да се однесувате. Не смеете да малтретирате купувачи, а ние имаме строга политика кога станува збор за малтретирање на персонал. Тоа не го толерираме.

С: Јас не сум крива. Он е тежок кретен. Да ми кажеше….

Менаџерката ја прекина.

Менаџерката: Ве молам престанете да викате!

Менаџерката притисна на својот уред за комуникација и рече: Обезбедување, итно, шифра 4, коридор 14.

Менаџерката кон мене: Господине, добро сте?

Јас: Да, добар сум само ми требаа роденденски свеќи. Може да ми кажете каде можам да ги најдам?

С: Што кој к** се дешава?

Менаџерот на сељанката: Престанете да викате и престанете да пцуете. Ако уште еднаш ве предупредам ја напуштате продавницата.

Менаџерот ми се обраќа мене: Ќе ги најдете во коридор 22.

Јас: Во ред. Благодарам.

Тргнав да си одам. Во меѓувреме сељанката уште се дереше. Двајца од обезбедувањето свртеа на ќошот, ме одминаа упатувајќи се кон сељанката.

Можев да ја слушнам како се дере уште едно 30 секунди. Следниот пат кога ја видов сељанката веќе бев на излегување.

Обезбедувањето на продавницата ја придржуваше до излезот. Се жалеше по телефон, гласно и неразговетно за продавницата, персоналот и „некој си кретен“, излегувајќи со празни раце. Мислите дека тој морон бев јас?

Толку многу посакував да се сврти на лево и да ме погледне, ама не се сврте. Да ми се развикаше, без разлика што ќе кажеше, ќе ја кренев малата кутија со свеќи и ќе речев: „Еј фала, ги најдов“.

Целата ситуација беше пресмешна. За малце ќе прснев од смеење во моментот кога удираше со ногата на подот и рече “сега“.

Неколку пати ме помешувале со персонал од продавница, ама до сега не сум се внел толку добро во улогата. Најверојатно и нема. Не очекувајте продолжение.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *