Се забавувале 9 месеци, па му рекла дека е милионерка! Одлучил да и раскине од најчудната причина

Кога видел колку пари одат на поклони, побегнал што е можно подалеку.

Сефрон Друит Берлоу, 21 годишно ќерка на Бери и Тони, првите г.е.ј татковци мултимилионери во Велика Британија, споделила за британските медиуми несекојдневно искуство.

Нејзиното момче имено, ја оставил после девет месеци забавување бидејќи сфатил дека е богата и дека не може да го следи нејзиното темпо на живот, пренесува Сан.

“Раскинв со поранешното момче во декември, после девет месеци врска. Го запознав на социјалната мрежа Тиндер и беше се прекрасно се додека не дозна за моето богатство”, изјавила Сефрон и додала:

“Ми рече дека не може да фати чекор во склад со моите барања и дека не може себе да си го дозволи тоа на сите да ни купува скапоцени божиќни поклони, бидејќи виде што си дарувме едни со други”, изјавила Сефрон.

Иако поклоните кои таа ги купува за семејството, како и оние за неа се навистина скапоцени, таа тврди дека не побарала ништо од своето момче.

“За Божиќ обично трошам околу 90.000 долари за целото семејство. Покрај родителите, имам уште четири браќа, помлада сестра и роднини. Чувствуваше дека мора да го следи тој ритам. Не купуваме поклони за некој да му укажеме колку сме богати, туку тоа е знак за внимание”, вели таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *