Се обидувам да бидам среќна

Се обидувам, упорно, со сите свои сили, се обидувам да бидам среќна. Се обидувам да ги усреќам другите, да ги направам родителите горди. Но, само се обидувам, а никој не ми дава признание дека сум успеала.

Се прашувам, кога никој не забележува, зарем можам самата да се задоволам, знаејќи дека се обидувам и сум успеала, за себе, да се почувствувам корисно, продуктивно?

Се обидувам да го сакам, но тој уште повеќе се обидува, да ми докаже дека не вреди. Се обидувам да го разберам, но тој успева секогаш да премине во равенка за мене, равенка со две непознати за рака, дали бројки или девојки, не знам. Се обидувам да не размислувам како ме лаже, се обидувам. Се обидувам да правам добро, кога не ми е добро, се обидувам на лошо, да не враќам со лошо, се обидувам, но што фајде?

Се обидувам, се обидувам, се обидувам. Зарем сум успеала, зарем ќе успеам, не знам, но знам дека нема да се откажам, да се обидувам, се додека се обидувам не премине во СЕ ПОБЕДУВАМ, наместо се повредувам.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *