Се огласи ќерката на Џорџе Балашевиќ и откри што посакал за својот 67. роденден

Јована Балашевиќ, ќерка на Џорџе Балашевиќ, се огласила на својот Инстаграм профил после смр.тта на нејзиниот татко.

Сподели снимка на кое Џорџе и Оливера уживаат со внуките на прославата на неговиот роденден во нивниот семеен двор во Нови Сад.

“Мислев дека вечерва ќе можам да се искрадам. Каков прекрасен ден! Секое лице кое го гледам е едно сеќавање. Можеби сеќавањето не е совршено. Понекогаш имам успони и падови. Но сите сме заедно, а вечерва сте мои. Ќе го прекршам обичајот и ќе кажам што посакав кога ја изгасив свеќичката: Да животот ви биде среќен како што мојот беше. Да, едно утро се разбудите и кажете: Ништо повеќе не сакам. 67 години. Зарем не поминаа во момент?” го цитираше Јована својот татко и додаде:

“Те сакам татко, ми го подари најубавиот можен живот, се гледаме во дворот”, напишала под објавата.

Балашевиќ позади себе ја оставил сопругата Оливера, ќерката Јована и Јелена и синот Алекса. Почи.нал во петокот во послепладневните часови, три месеци пред својот 68 роденден.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *