Се омажила и разведувала десет пати: “Не се откажувам додека не го најдам вистинскиот”

Американката Кејси неодамна гостуваше во емисијата Доктор Фил, кај истоимениот водител кој решава чудни, необични и тешки животни проблеми и навики и изјавила дека десет пати се мажела и не планира да запре.

Се пријавила за да добие некој совет од експертите поврзан за својот љубовен живот. Кејси се омажила и развела десет пати. Како да таа бројка не е изненадувачки доволна, оваа 56 годишна жена вели дека не планира да запре се додека не го пронајде вистинскиот.

Нејзиниот најдолг брак траел осум години, а најкраткиот само шест месеци. Успешната деловна жена оваа информација, како што тврди доктор Фил, ја изговара со гордост и низ шега.

“Дојде до тоа да се смејам за да не плачам додека го зборувам ова”, вели Кејси.

Иако во почетокот се смеела, до крајот на емисијата таа сепак се расплкала неколку пати.

“Во секој брак ми се случил момент во кој сум сфаќала дека повеќе не сакам да бидам во оваа врска. Секогаш јас бев таа која предложуваше развод.”

За еден маж била верена две години, добиле син и во брак поминале седум години.

“Не сте сфатиле дека не сакате брак во текот на две години веридба?”, ја запрашал доктор Фил, а Кејси одговорила негативно.

Таа тврди дека сега е подготвена да се скраси со мажот на својот живот: “Не ми е грижа колку бракови има позади мене и колку уште ќе имам додека не ја пронајдам вистинската личност за себе”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *