Се откажале од синот во детството бидејќи бил палавко: После 23 години ги видел неговите родители како просат

Чувстувал жалост, но и бес поради тоа што му го направиле во детството.

Индиецот Рави Тадешан (26) од државата Утар Прадеш доживеал блиска средба со родителите кои се откажале од него кога имал само три години. Таа средба го покажало вистинското лице на Рави и неговите родители.

Рави живеел во куќа со две сестри и брат, а родителите поради сиромаштијата биле на ивица на опстанок. Покрај тоа, многу се нервирале околу Рави тврдејќи дека е хиперактивно дете.

Затоа одлучиле да го дадат на посвојување, иако братот и сестрите со денови плачеле и ги молеле родителите тоа да не го прават.

“Моето најрано сеќавање беше кога ме водеа од куќата. Братот и сестрите вриштеа, ја молеа мајка ми да не ме води, но таа молчеше и едвај чекаше да се ослободи од мене. Ниту таа, ниту татко ми имале трпение со мене. Бев поинаков, но кога некој е таков во детството, треба ли да се ослободите за малку мир во домот? Детството го поминав во дом за незагрижени деца, а така и тргнав на училиште. Родителите не сум ги видел неколку години” открил Рави.

Додал и дека неговиот татко неколку пати го посетувал помеѓу неговата шеста и единаесетта година, а потоа прекинал.

“Благодарение на некои добри луѓе, добив шанса да работам уште на 14-15 години во една гаража за поправање автомобили.

Секогаш ме привлекувале, па брзо напредував”, вели момчето кое во последниве две години е успешен во својата работа.

Меѓутоа, пред два месеци на улица на родниот град ги сретнал родителите. Тие проселе.

“Не можев да верувам. Застанав. Ги погледнав малку подобро и сфатив дека тоа се мојата мајка и татко. Бидејќи не бев во контакт ниту со братот ниту со сестрите бидејќи живеев многу далеку од нив, не знаев што ги снашло за да просат. Се обидов да им помогнам. Им дадов некоја пара, ги одведов во кафуле да каснат нешто. Ми раскажаа дека сите деца ги напуштиле и дека тие си тргнале по свои патишта, а дека таткото станал алкохоличар, а неговата мајка тргнала по многу полош пат. Изгледа дека ги стигнала кармата за тоа што се откажаа од мене. Бидејќи добро заработував, им помогнав да се селат во еден изнајмен стан, платив унапред година дена кирија и сметки и се надевам дека сега им е малку подобро. Доколку повторно не е добра ситуацијата, нивна работа. Им дадов шанса да се вратат во живот. Останатото повеќе не е на мене”, изјавил Рави.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *