Се повеќе земји се откажуваат од употребата на оваа ваkцина, велат дека е потенцијално “штетна” за употреба

Соединетите држави, Европската унија и Јужноафриканската Република одлучиле привремено да ја сопрат употребата на ваkцината против ковид-19 на компаниите Џонсон и Џонсон, после извештајот за ретка појава на крвно згрутчување.

Регистрирани се шест случаеви на оваа појава откако се дадени повеќе од 6,8 милиони ваkцини, соопштила американската Администрација за храна и лекови.

Џонсон и Џонсон ја сопрал испораката на своите ваkцини во Европската Унија, која започнала оваа недела, пренесува БиБиСи.

Одлуката е донесена после сличните случаеви на тромбоза поради употреба на ваkцината АстраЗенека, после што неколку земји воведоа рестрикции кога станува збор за употреба на оваа ваkцина.

Агенцијата за храна и лекови соопштила дека препорачува привремено стопирање од претпазливост. Агенцијата потврдила дека еден пациент почи.нал од компликации предизвикани со крвно згрутчувања, а уште еден е во критична состојба.

Во сите шест случаеви станува збор за жени со старост од 18 до 48 години, а симптомите се појавиле шест до 13 дена после имунизацијата.

После препораките на Агенцијата за храна и лекови, сите американски федерални држави го прекинаа давањето на ваkцината на компанијата Џонсон и Џонсон до завршувањето на дополнителната истрага за нејзината безбедност.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *