Се снима серија за Тито и Јованка, погледнете кои познати актери ќе ги глумат и што ќе се случува (ФОТО)

Од прва дама на Југославија, преку шпион, до жена која три децении ги помина во изолација. Сето тоа беше Јованка Будисавјевиќ, подоцна Броз (1952-2013). Вдовицата на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, имаше животен пат кој ја преминуваше фантазија на холивудските сценаристи, а послужи за играно-документарната серија “Јованка Броз и тајната служба” која ќе биде емитувана на есен на РТС.

Следејќи ја богатата архивска градба, сведочењата на непосредните учесници и истражувањата на србските и странските историчари, ќе дознаеме дали и колку службите на безбедноста влијаеле на животот на Јованка Броз, која во младоста ја игра Милица Томашевиќ, а во зрелите години Снежана Савиќ.

-Многу таинствена, не сакала многу да зборува, да се појавува, освен во пратња на својот сопруг. Била офицер, потполковник, жена која има одликувања. Многу храбра и горда жена која својот живот до крај го посветила на задачата која ја имала – изјавила Савиќ, а за тврдењата дека Јованка имала своја разузнавачка служба, актерката вели:

-Веројатно знаела многу работи и затоа пречела. Не била толку опа.сна колку што сметале, но била многу мудра. Никогаш не изговорила ниту еден збор кој би ја довел во ситуација да страда. Многу вешто успевала да ги избегне сите замки кои и биле поставени. Имам впечаток дека ниту крива ниту должна завршила да биде заборавена.

Во играниот дел од серијалот ќе ги видиме значајните историски личности: Тито (Небојша Дугалиќ), сестрата на Јованка Нада Будисавјевиќ (милена Васиќ), Владимир Бакариќ (Светозар Цветковиќ), Александар Ранковиќ (Гордан Киќиќ), генералот Иван Мишковиќ (Александар Среќковиќ Кубура), Драгољуб Ставрев (Радомир Николиќ), а нараратор е Тихомир Станиќ.

-За луѓето ќе биде интересно да се потсетат на тие времиња. Интересно е да се види како тогаш изгледата безбедносната служба, што значело да се чува таков државник и што се се случувало. Секако дека Тито морало да знае се што се случува, но прашање е дали постоело нешто за кое не знаел. Службите со посебно внимание се однесувале кон приватниот живот на Тито, а Јованка ја гледале како потенцијална опа.сност по неговата безбедност – изјавил Небојша Дугалиќ за Новости.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *