Се што треба да знаете за витамин Д3, зошто овој витамин е премногу важен за нашето здравје?

Сонце, море, плажа, витамин Д3. Доколку не би е баш најјасно како овие термини се меѓусебно поврзани, ништо не се грижете, во продолжение од текстот се ќе ви објасниме.

Дали сте знаеле дека во текот на сончањето и уживањето на плажа, не уживаат само вашите сетила, туку и вашиот целокупен организам и имун систем? Причина е тоа што во текот на сончањето и изложувања на УВ зраци, вашата кожа произведува витамин Д3 од холестеролот.

Овој тип на витамин Д, овозможува огромно поттикнување на нормалното функционирање на организмот, а неговиот конкретен допринос во најголема мера е огледало во зајакнувањето на имуниот систем. Секако, како и во се во животот, и во овој случај клучна е количината, поради тоа не треба да се претерува со изложување на сонце.

За само неколку минути престој на попладневното сонце, може да добиете доволна количина на сончева светлина, потреба за синтеза преку потребниот витамин Д3.

Во текот на најтоплите денови, се препорачува престој на сонце во износ од неколку минути околу пладне, за на вистински начин да се снабдите со витаминот Д3, а на истиот начин да не го загрозите вашето здравје.

Секое форсирање на сончање во период кога сонцето е премногу силно, може да доведе до оштетување на кожата и сериозни здравствени проблеми со неа. Препорачаната дневна количина на витамин Д3 е околу 600ИУ, иако ова зависи од самата возраст на личност.

Витамин Д3 е неопходно да се внесува во есенските и зимските месеци, кога посебно сме подложни на вируси или настинки.

Меѓутоа, земајќи ги во предвид местата во кои живееме, тоа е практично невозможно. Што треба да се прави тогаш?

Алтернативниот начин на внес на витамин Д3 се фармацевтските производи кои се присутни на пазарот, како и одредени намирници богати со овој витамин, како што се млечните производи, рибиното масло и масните намирници, кои на многумина не им годат.

Поради тоа, идеален избор за природен внес на витамин Д3 е токму млекото и млечните производи, поготово оние кои се дополнително збогатени со овој витамин, бидејќи млечните масти кои се наоѓаат во млекото, овозможуваат витаминот Д3 добро да се апсорбира.

Недостатокот на витамин Д3 се манифестира низ ослабени конкретни функции во организмот, кои подоцна ќе доведат до слабеење на целокупната здравствена слика. Бидејќи витаминот Д3 е неверојатно важен за разојот и цврстината на коските, токму тие се оние кои страдаат во недостатокот на овој витамин.

Постојаната болка во коските и мускулите е значаен показател дека овој витамин недостасува, а тоа може да доведе до остеопороза, доколку недостатокот на овој витамин е голем и континуиран. Покрај тоа, сончевиот витамин има огромно влијание на расположението.

Со самото тоа, доколку ви недостасува витамин Д3 подолг временски период во поголеми количини, а вие чувствувате нерасположение кое не може да го препишете на некоја посебна причина, тогаш проблемот е во недоволното лачење на хормонот серотонин одговорен за расположението, за чија стимулација помеѓу останатото е задолжен и витаминот Д3.

Дигестивните проблеми исто така можат да настанат поради недостаток на витаминот Д3. Проблемот се гледа првенствено во отежнатата работа на цревата, можната нетолеранција на глутен и инфламаторни болести на цревата. Алергиите се исто така можна опција доколку витаминот Д3 не е присутен во организмот во доволна количина.

На крај можеме да заклучиме: во текот на летото, умереното сончање ќе му овозможи на вашето тело доволна количина на витамин Д3 за нормално функционирање на организмиот и имуниот систем, додека во текот на есента и зимата изворот на витамин Д3 треба да го побарате во достапни намирници, како на пример млеко збогатено со витамин Д3.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *