СЗО конечно ја соопшти веста која сите со нетпрение ја очекувавме, конечно одлични вести

Светската здравствена организација соопшти дека бројот на новозаболени од ковид-19 на глобално ниво опаѓа веќе трета недела по ред.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрехесус оценил дека новиот тренд покажува дека е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови соеви, со примена на мерки како физичка дистанца, прекривање на лицето и одржување на лична хигиена.

Тедрос, меѓутоа, укажа на тоа дека светот веќе бил во слична ситуација и истакнал дека не е време за опуштање.

“Во текот на минатата година имаше моменти во речиси сите земји во кои бројот на регистрирани случаеви опаѓаше. Мерките за претпазливост беа попуштени и потоа вирусот продолжи на дивее”, потсети Тедрос.

Тој нагласи дека во моментот кога се врши ваkцинацијата на глобално ниво, потребно е да се применуваат сите мерки за претпазливост кои се однесуваат на безбеноста на луѓето.

“Контролата на ширење на вирусот допринесува до спасување на животи и намалување на шансите за појава на нови соеви. Исто така, помага и дејството на вакцината да биде поефикасно”, порачал тој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *